По откривањето за вмешаност на новиот контингент клубови во аферата „Калчополи“ од сезоната 2005/2006, италијанскиот фудбалски сојуз (ФИГЦ) официјално објави започнување на нова истрага.
Нововклучените клубови во скандалот се Интер, Палермо, Рома, Болоња, Каљари и Удинезе, за што, како што пишуваат италијанските медиуми, наводно постојат и аудиодокази.
„Во врска со процесот кој се води на наполскиот суд, од државното обвинителство веројатно некое време ќе се причека за покренувањето на истрагата, но ФИЦГ официјално ја побара.“ - соопштуваат од сојузот.
Истрагата ја иницираше адвокатскиот тим на Лучијано Моџи, поранешниот главен оперативец на Јувентус, кој, како и неговиот клуб, единствено сериозно настрадаа во истратага од 2006-та година, кога се испостави дека со сопственото влијание и контакти ги „делегирал“ судиите на Јувентус за натпреварите на торинскиот клуб.
Токму поради тоа заработи суспензија од фудбалот во времетраење од пет години, додека на Јувентус му беае одземени трофеите од 2005. и 2006. година и клубот беше елиминиран од првата во втората лига.
Реџина, Фиорентина, Милан и Лацио тогаш беа казнети само со укори и парични казни.
Меѓутоа, неодамна во јавноста се појавија нови аудиозаписи, конкретно 75, според кои произлегува дека истите услуги како Моџи од тогашниот челник на судиската организација Пиерлуиџи Паирета побарале и многу други италијански сопственици.
Наводно, во име на Интер побарал тогашниот претседател на клубот Џасинто Фачети, кој умре есента 2006-та година.