Фудбалерите на Милан ја продолжуваат својата северно-американска турнеа од која доцна синоќа гостуваа во Монтреал.
На натпреварот со локалниот тим на Монтреал, тимот на росоњерите славеше со 4-1 пред 48.000 домашни гледачи кои подеднакво ги бодреа и домашните миленици и европските гости.
Гостите поведоа со погодокот на Пато во 12. минута но само пет минути подоцна на општо задоволство домаќините преку Тесто израмнија на 1-1.
Ветеранот Изаги во 25. минута зголеми на 2-1 и со тој резултат се замина на пауза за да во второто полувреме Сидорф и Роналдињо од пенал го постават конечниот резултат од 4-1.