Милан повторно ќе се обиде да го ангажира Фабијано
Италијанските медиуми повторно и овој преоден рок шпекулираат дека Милан ќе се обиде да потпише со напаѓачот на Севиља и бразилски репрезентативец, Луис Фабијано.
уис Фабијано се поврзуваше со Росонерите уште минатото лето, но заради малата оштета која Милан ја нудеше андалузискиот тим не се согласи да ја продаде својата ѕвезда.
Сега повторно се верува дека потпретседателот Адrијано Галијани е на преговори во Севиља за 30 годишниот напаѓач. Повторно се спомнува сумата од 20 милиони евра која ќе биде доволна за ангажман на Бразилецот.