Раководството на миланскиот гигант, Милан категорично изјави дека по секоја цена сака да го задржи Клас Ја Хунталер.
Покрај фактот што холанѓанецот воопшто не одигра впечатливо во текот на првата сезона помината на Сан Сиро сепак тој изгледа дека ќе остане во Милано.
Покрај фактот дека за него има интерес од страна на Бенфика, директорот на росоњерите Аридеао Брајда изјави дека клубот нема намера да го продава својот играч.
„Мислам дека не е можно Хунтелар да замине во Бенфика. Тој има договор со Милан за уште три години и сметаме на него како иднина на клубот, Хунтелар не е на продажба“, одсече Брајда.