Паоло Берлускони верува дека неговиот брат Силвио би можел да започне преговори за продажба на Милан
Вчерра La Gazzetta dello Sport објави дека Рускиот гигант Гаспром е подготвен да купи 25-30% од сопственоста на Милан за околу 160-180 милиони евра.
Гаспром негираше дека тие се во преговори со Милан а и Фининвест, холдинг компанијата на Берлускони која го поседува клубот, ги отфрли ваквите написи.
Но и покрај тоа La Gazzetta dello Sport застана зад својот извор и нагласи дека информациите што тие ги добиле и ги објавиле се точни.
На ваквиот цврст став на весникот се надоврза и братот на Силвио Берлускони, Паоло, кој рече дека Премиерот на Италија би можел да го продаде Милан доколку добие интересна понуад.
“Не знам ништо за понудите за купување на Милан, но доколку има некои интересни и сериозни понуди, мојот брат ќе ги разгледа.” – рече Паоло Берлускони.
“Во моментов нема ништо.”
“Сепак не треба да ја заборавиме историјата во последните 24 гоидни.”