Претседателот на Милан, Силвио Берлускони размислува да продаде 25 до 30 проценти од акциите од својот клуб на руската енергетска компанија „Гаспром“.
Според „Газета дело Спорт“, вредноста на тие акции би изнесувала помеѓу 150 и 180 милиони евра. Според истиот извор, Берлускони, кој е премиер на Италија, неодмна за оваа тема разговараше со рускиот колега, Владимир Плутин.
Берлускони ги купи „росонерите“ во 1986-та година и од тогаш освои 7 титули во Серија А, 5 титули во ЛШ, 5 европски Суперкови и 1 Куп на Италија.
Премиерот на Италија веќе претходно најави дека планира да продаде дел од своите акции од тимот од „Сан Сиро“, а иако постоеше сомнеж за тоа, со интересот на „Газпром“ се покажува дека неговите намери сепак биле вистински.