Пипо Изаги којшто ќе остане уште една сезона во редовите на миланскиот гигант Милан ја изјави љубовта што ја чувствува кон росоњерите.
„Неможам да се видам себеси како постигнувам погодок во друг дрес. Прифатив да останам бидејќи, како и секогаш мислам дека сеуште можам да бидам корисен за тимот“, изјави тој за Кореире Дело Спорт.
Супер Пипо има постигнато 68 погодоци во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА, 48 од нив се во најквалитетното натпреварување - Лигата на Шампионите.
„Сакам да ги срушам преостанатите рекорди, потребен ми е само уште еден гол за да станам најдобар стрелец во европските натпреварувања, три да се израмнам со рекордот на Марко Ван Бастен и седум да го поминам Роберто Баџо во рекордот на сите времиња на италијанскиот фудбал“.
Според овие бројки, Пипо се надева дека во текот на идната година ќе добие поголема минутажа со цел да успее да сруши уште некој рекорд во својата и онака богата кариера.