Милан разочараувачката сезона ја заврши на доброто 3-то место кое носи место во Лигата на Шампионите, но тоа секако не ги задоволи челниците и навивачите на италијанскиот гигант.
Епилогот е познат: Леонардо и миланскиот клуб согласно се разделија.
Претседателот на „росонерите“ и италјијански премиер, Силвио Берлускони, кој беше најголем критичар на бразилскиот стручњак, брзо го пронајде новиот наследник. Не одеше предалеку, па заменикот го најде во постоечкиот стучен штаб на Милан. Станува збор за 47 годишниот Филипе Гали кој од 2008-та година ја вршеше службата помошник на Анчелоти, а и на Леонардо.
Сеуште нема официјални потврвуаања за овие шпекулации на медиумите, но се констатира дека некогашниот одбранбен играч на Милан е доста блиску да стане нов тренер на „росонерите“.