Напаѓачот на Милан, Роналдињо, призна дека не е сигурен дали ќе продолжи да игра на Џузепе Меаца во текот на наредната сезона.
Бразилецот, кој постигна два погодоци против Јуве за успехот на тимот од 3-0 беше избран како играч на натпреварот, а по натпреварот изјави дека не знае дали ќе продолжи да го носи дресот на тимот и наредната сезона.
Запрашан од страна на новинарите по натпреварот за тоа дали ќе остане на Меаца во текот на наредната години, тој не беше баш расположен за коментар и кратко одговори: „Сеуште незнам“.
Фудбалерот има договор со Росоењерите за уште една година па дури и се очекуваше истиот да биде продолжен.
Сепак, тој беше заменет во средината на второто полувреме и теренот го напушти со насолзени очи, ова можеби е знак дека синоќешниот натпревар му бил последен за Милан.