“Многу сум среќен овде во Милан и сакам да останам и да пробам да освојам се што може да се освои. Јас сум играч на Росонерите и управата ќе ја реши мојата судбина.“
“Ако ми се јави Анчелоти јас само ќе го поздравам, ако побара трансфер тогаш управата ја презема работата. Карло е одличен човек, не само добар пријател. Тој ми помогна да се развијам во Италија, но мојот договор на Сан Сиро истекува во 2014-та и јас ќе бидам многу среќен ако останам тука.“ - рече Пато кој посакува да игра за Бразил на СП.
Најзаинтересирани и единствени и кои можат да си го дозволат се Реал и Челзи. Се проценува дека понуда од 40-50 милиони евра ќе биде доволна Берлускони да се откаже од услугите на својата млада ѕвезда.
На сите овие шпекулации се јави и менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти кој изјави дека Милан по се изгледа ќе го задржи Пато и нема да го продаде ова лето.